Фасцинантно! Гледајте како вистински стратосферски балон на АЕРОНОВА се подготвува за лет
Дознајте кој и како конструира цепелини во Русија.
Стручњаците од Московскиот државен технички универзитет „Бауман“ и од АЕРОНОВА спроведоа фабрички тестирања на обвивката за гас на стратосферскиот балон во Долгопрудненското проектантско биро за автоматика (ДКБА). Како потсетување, овој проектен центар е дел од холдингот Руселелектроника на државната корпорација Ростех.
Фабричките тестирања се неопходни за да се провери квалитетот на произведената обвивка и методите за нејзините пресметки. Ова е задолжителна фаза во подготовката за лансирање на стратосферскиот балон кое е планирано за овој викенд. Обвивката беше произведена во погоните на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, а беше нарачана од компанијата „АЕРОНОВА“.
Гледајте ја нашата видеорепортажа во која стручњаците даваат детални коментари за процесот на фабричкото тестирање и ја објаснуваат важноста на она што се случува за руската економија.