Зошто „Совелмаш“ не е фабрика?
Компанијата „Совелмаш“ го гради Бирото за проектирање и инженеринг со помош на средствата собрани од илјадници инвеститори од целиот свет. Да објасниме што значи овој подолг израз.
ПРОЕКТИРАЊЕ
Ова претпријатие се занимава со проектантски активности. Во ова спаѓа изработка на проектна, технолошка и друга документација која е потребна за производство на иновативни електромотори и на средствата за нивно производство, како и други слични производи. Освен тоа, „Совелмаш“ изработува проектна документација за изградба на фабрики во кои ќе се произведуваат моторите.
ИНЖЕНЕРИНГ
Инженерите на „Совелмаш“ ги дизајнираат моторите, алатите и опремата за нивното производство. Во ова спаѓа компјутерско моделирање со помош на сопствен софтвер и изработка на прототипи на производите. По дизајнирањето и проектирањето, се изработуваат и се тестираат прототипови на моторите.
ТЕХНОЛОГИЈА
Компанијата „Совелмаш“ ги развива и ги подобрува технологиите за изработка на моторите и на други производи.
БИРО
Бирото се занимава со администрација на сите процеси, како и со патентирање, водење на документација и развој на ефикасна деловна стратегија.
Додека целта на Бирото за проектирање и инженеринг е постојано да дизајнира нови производи и да ги подобрува постоечките, фабриката е претпријатие кое се занимава со сосем поинакви задачи, и чија цел е ефикасно производство. „Совелмаш“ ќе произведува само мали серии на сопствени производи, но тоа нема да биде главниот извор на заработка.
Во светот има илјадници фабрики, но далеку помалку Бироа, кои претставуваат уникатни претпријатија.
Дознајте нешто повеќе за инвестирањето во Бирото „Совелмаш“.