Ново во бек-офисот: три корисни картички во еден дел
За да Ви биде полесно и поедноставно, споивме три важни подделови и ги ставивме во делот „Поддршка“. Сега дизајнот на бек-офисот е уште подобар, а навигацијата е полесна, особено во верзијата за мобилен телефон!
Што има во ажурираната „Поддршка“?
• Во овој дел и понатаму е достапно сето она што ви се допаѓаше: контактирање со стручњак, Telegram-ботот и можноста да споделите идеи за подобрување на бек-офисот.
• „База на знаење“. Сега оваа картичка се наоѓа во делот „Поддршка“, што значи дека веќе не мора да одите во друг дел за да го најдете одговорот на Вашите прашања. Во „Базата на знаење“ е даден одговор на најчесто поставувани прашања за нашите проекти, компанијата, функциите во бек-офисот и партнерската програма. Освен тоа, таму ќе ги најдете презентациите за проектите „Моторите на Дујунов“ и „Цепелини од новата генерација“.
• „Заедница“. Сега, ако сакате да се претплатите на нашите официјални канали или да се вклучите во четовите, може да го сторите тоа во делот „Поддршка“. Така ќе добиете поддршка не само од стручњак туку и од нашата пријателска заедница на партнери и инвеститори!
Следете го линкот за да го истражите овој дел.
И, ве молиме, споделете ги Вашите предлози за тоа како да го направиме нашиот бек-офис најдобрата IT-платформа на светот!