Од купување инвестициски удели до исплата на дивиденди
Одговараме на најважното прашање од инвеститорите: „Како ќе заработувам ако инвестирам во проектот?“
За да остварите заработка, Вие и тимот на проектот треба да следите одреден план.
1. Купувате пакет со инвестициски удели на рати или во готово.
2. „Совелмаш“ го гради Бирото за проектирање и инженеринг со привлечените инвестиции.
3. „Совелмаш“ го пушта Бирото во работа, го откупува земјиштето на кое е изградено и врши проценка на материјалниот и нематеријалниот имот на претпријатието.
4. Друштвото со ограничена одговорност (ДОО) „Совелмаш“ се реорганизира во акционерско друштво, при што инвестициските удели се претвораат во акции на компанијата. 49% од акциите се распределуваат меѓу инвеститорите.
5. Дел од профитот што ќе го оствари Бирото им се исплаќа годишно на сите инвеститори во облик на дивиденди. Освен тоа, тие ќе можат да заработуваат и од продажба на своите акции.
Колку повеќе инвестициски удели ќе купите сега, толку поголема ќе биде Вашата заработка во иднина!
Правиме сѐ што е во наша моќ за да Ви го направиме овој план што е можно поедноставен и потранспарентен. Вие инвестирате и учествувате во изготвувањето на документацијата за добивање акции, а „Совелмаш“ и SOLARGROUP го реализираат проектот за да биде исплатлив за сите инвеститори.
Од „Прегледот“ може да дознаете нешто повеќе за напредокот на проектот.