Подготовки за завршното склопување на NOVA 01, и пристигнување на новите пропелери | AERONOVA news

Подготовки за завршното склопување на NOVA 01, и пристигнување на новите пропелери | AERONOVA news

Нешто повеќе за проектот.

Денес во канцеларијата на „АЕРОНОВА“, тимот одржа работна средба на која беа разгледани тековните задачи и работниот статус на проектите NOVA 01 и NOVA 2.

Главни теми на средбата:

• Ажурирање на статусот на секое поле на работа.
• Проверка на завршените задачи според распоредот и почитувањето на роковите.
• Споредба на фазите на спремност на конструкциските решенија и елементите за двата модела на цепелините.
• Посебен акцент беше ставен на подготовката на завршното склопување на цепелиниот NOVA 01 на полигонот и покренувањето на почетните тестирања.

Освен тоа, денес дојдоа долгоочекуваните трокрилни пропелери од САД — тие се еден од главните компоненти на погонскиот систем на NOVA 01.

Потсетување:

NOVA 01 е модел од мали размери наменет за целосно тестирање на сите системи за управување, пилотирање и прицврстување на цепелините.

Сите добиени податоци и конструкциски решенија ќе бидат интегрирани и имплементирани во поголеми размери на цепелинот NOVA 2.

Следете нѐ за да бидете во тек со најновите збиднувања — наскоро ќе започне фазата на завршното склопување, и ќе ви покажеме како идејата за која имаше само цртежи и скици, конечено ќе се претвори во вистински цепелин кој ќе се вивне во небото!

Поддржете го проектот