Вашите инвестиции во проектите на SOLARGROUP се безбедни
Драги инвеститори и партнери,
Компанијата SOLARGROUP и нашите проекти стануваат сѐ попопуларни и сѐ повидливи за нашите конкуренти. Од таа причина, неодамна се соочивме со низа сајбер и информациски напади, а имаше и обид за DDoS напади. За жал, ова е прилично вообичаено во современиов свет. Но, благодарение на нашиот систем за заштита со повеќе нивоа, како и на брзата интервенција од нашите стручњаци, нападите беа успешно одбиени.
Бек-офисот и услугите во него и понатаму се достапни, иако може да дојде до привремено забавување во нивното работење. Ако не можевте да се најавите на Вашиот профил, обидете се повторно по некое време.
Вашите лични податоци се потполно сигурни. Целта на нападите не беше нивна кражба, и не влијаеше врз внатрешните системи за чување на податоци.
Ве молиме, бидете претпазливи! Придржувајте се за правилата на безбедност на информации:
• креирајте посложени лозинки,
• не споделувајте ги со никого Вашите податоци за профилот, и имајте на ум дека персоналот на техничката поддршка на SOLARGROUP никогаш нема да ја побара од Вас личната лозинка за најава во бек-офисот,
• обрнете внимание кој Ви испраќа лични пораки тврдејќи дека е вработен во компанијата,
• никогаш не кликнувајте на линкови во сомнителни имејлови.
Ние постојано ја подобруваме заштитата на нашата IT-платформа, ги следиме и ги одбиваме таквите напади. Како резултат на тоа, може да се чувствувате сигурни кога инвестирате во проектите на SOLARGROUP.