„Цепелините од новата генерација“ се спремни за покренување!
Драги пријатели! Ја постигнавме целта за фазата пред покренувањето на проектот — успеавме да привлечеме инвестиции во износ од 2.500.000 $ за конструирање на иновативни цепелини.
Проектот „Цепелини од новата генерација“ ќе започне на 4 март.
Им честитаме на сите вклучени инвеститори и партнери! Пред шест месеци го најавивме почетокот на нулта-фазата — во текот на тој период, над 4.500 лица нѐ поддржаа со инвестиции.
Што беше постигнато со привлечените инвестиции
• Беше отворено проектантското биро „АЕРОНОВА“ во Москва: 750 м2 опремени канцелариски простории, со компјутерска и серверска станица и лабораторија.
• Беше формиран тим од 35 вработени со инженерски и технички квалификации, меѓу кои постои ефикасна работна комуникација.
• Беа закупени 600 м2 привремени производствени простории, во кои се поставува дополнителна опрема.
• Беше воспоставена соработка меѓу компаниите кои се вклучија во развојот на цепелини: Московскиот воздухопловен институт, Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, инженерскиот центар во Долгопрудниј, и други.
• Беше дизајниран првиот цепелин на „АЕРОНОВА“ кој сега е во завршна фаза на производство — беспилотен воздухоплов од 130 кубни метри со должина од 17 метри, кој се планира да биде лансиран во март оваа година.
• Беа спроведени неколку лансирања на воздухоплови во стратосферата.
• Беше изработен од нула контролен систем и за системот на цепелинот и за диспечерскиот комплекс на земјата.
• Започна работата на вториот модел на цепелин на „АЕРОНОВА“ со капацитет од 2.000 кубни метри. Во тек е изработката на идејните проекти и на техничките спецификации.
Планови за првата фаза и за 2025 год.
• Финансиската цел во првата фаза е да се привлечат инвестиции во износ од 2,5 милиони долари.
• Да се лансира првиот цепелин на „АЕРОНОВА“ најрано во март 2025 год.
• Да се изнајми земјишна парцела за изградба на хангар.
• Да се произведат и да се тестираат неколку модификации на беспилотни цепелини од 130 кубни метри: за клиенти, изложби и за рекламни цели.
• Да се дизјанира и да се започне со производство на вториот модел на цепелин во нашиот сопствен хангар.
Значи, во фазата пред покренувањето на проектот, нашиот тим веќе го создаде првиот цепелин! Напредуваме брзо, а брзо се намалуваат и ризиците за инвеститорите. Затоа со почетокот на проектот ќе се променат и условите за инвестирање.
• Цената на инвестицискиот удел ќе порасне за двапати.
• Повеќе нема да може да се зголеми пакет купен во фазата пред покренувањето.
• Ќе биде затворена можноста за добивање +5% бонус надоместок за препорака од првото ниво на структурата за активација на маркетинг планот.