На вода, на копно и во воздух: примена на технологијата „Славјанка“ во 2024 год.
Руската технологија „Славјанка“ станува популарна во различни региони во светот каде што луѓето се грижат да ја зачуваат животната средина и да заштедат гориво. Да кажеме нешто повеќе за најперспективните проекти чија цел е создавање на иновативни електрични возила. Повеќето од нив се реализираат со помош на партнерите на SOLARGROUP и стручњаците од производственото претпријатие „Ресурс“.
• Чамци. Во 2024 год., истовремено беа во тек неколку проекти за изработка на чамци со електромотори засновани на „Славјанка“ и со соларни панели . Во Северна Македонија, со поддршка на екологисти, сопственици на чамци и претприемачи, беше ставен бродски мотор на традиционално кајче, кое потоа беше тестирано на Охридското Езеро. Ова кајче е наменето за туристички цели. Во Индонезија беше модернизиран сличен чамец за риболов. За истата намена треба да биде направен и електричен чамец во Бенин, на кој ќе биде ставен мотор кој веќе е испорачан во земјата. Во Перу, во популарната туристичка област на реката Амазон, неодамна беше пуштен во вода чамец заснован на „Славјанка“. Се планира следната година на овие чамци да се постават соларни панели за да можат да се користат на редовна основа. Моторите и регулаторите (управувачите) за чамците во сите овие проекти ги обезбедува производственото претпријатие „Ресурс“. Истражете ја веб-страницата на компанијата за да дознаете нешто повеќе за развојот на овој тип пловни објекти во Вашиот регион.
• Електрични автомобили. Во Русија, неколку автомобили беа истовремено модернизирани од стана на своите сопственици. На електричен автомобил марка „Ауди“ беа инсталирани мотор и регулатор засновани на „Славјанка“. Тој ги надмина сите очекувања! Автомобил LADA ELLADA, кој веќе неколку години има мотор со комбинирани намотки, беше прилично модернизиран оваа година. Благодарение на тоа, растојанието што може да го помине со едно полнење на батеријата се зголеми за двапати, а се подобри и неговата енергетска ефикасност. Сопственикот на автомобил марка „Ока“ кој претходно имаше бензински мотор, исто така е задоволен што го префрли возилото на електричен погон и ужива да го вози секој ден.
• Електрични картинг-возила. Тимот на „Ресурс“ дизајнираше и тестираше комплет со мотор заснован на „Славјанка“ за картинг-возила што се изнајмуваат, и потоа го испрати во Германија, каде што беше инсталиран на „Rimo Evo“. Освен тоа, активно се работеше на дизајнирање на комплет за спортско картинг-возило, се вршеа тестирања на патеките и конфигурација на опремата.
• Електричен мотоцикл. Во Перу беше претставен електричен мотоцикл во кој беше вграден мотор DA-90S заснован на „Славјанка“ со кој беше заменет неговиот бензински мотор. Ова е многу значаен настан за цела Латинска Америка, каде што има сѐ поголема побарувачка за еколошки прифатливи превозни средства.
• Воздухоплови. Виктор Арестов, партнер на „Совелмаш“ и раководител на ASPP Weihai, и понатаму учествува во меѓународен проект за развој на хибридни воздухоплови со примена на мотори со комбинирани намотки. Проектот се реализира во Кина, а го предводи академикот Туполев.
Технологијата „Славјанка“ станува сѐ попопуларна низ целиот свет. Ова оди во прилог на Бирото „Совелмаш“, кое е единствена компанија каде што се дизајнираат мотори со комбинирани намотки.
Најдоброто време да ја поддржите компанијата со Вашите инвестиции и да станете нејзин косопственик е пред проектот да премине во завршната фаза, кога цената на уделите значително ќе порасне!